Одделение за историја на уметност

Одделението за историја на уметност во рамките на тогашниот Народен музеј - Прилеп функционира од 1960 година, во почетокот како Галерија, а со прераснување на институцијата во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година, тоа се води и официјално како Одделение за историја на уметност. Негова основна дејност е истражувачки работи и изработка на документација (дескриптивна, техничка и фото) за живиопис, икони, резба и библиофилски материјал, изготвување на проекти за превентивна заштита и конзервација и евиденција на движниот материјал (икони, библиофилски материјал и друг црковен инвентар) кој се наоѓа во црквите и манастирите. Исто така, Одделението за историја на уметност прибира и обработува дела од областа на Современата ликовна уметност, организира тематски изложби и го публикува истражениот материјал.

Повеќе...

Византиски период

После надминувањето на иконоборската криза, поради близината на Византија, во Македонија уметноста доживува голем подем. Прифаќајќи го византискиот стил како сопствен начин на уметничко творење, македонските словени стануваат активен фактор давајќи свој придонес во општите текови на неговиот развој.

Повеќе...

Поствизантиски период

Со доаѓањето на Османлиите на Балканот прекината е нишката на иконописното и живописното творештво на територијата на денешна Македонија. Турските власти ги респектирале старите цркви и манастири, но забраниле да се градат нови. Поради тоа, фрескосликарството постепено ги напушта тогашните културни центри и воопшто градските средини и преоѓа во селските средини, каде тајно се граделе нови цркви.

Повеќе...

Доцен период XVIII-XIX век

Во XVIII и XIX век Турција ослабнува, како воено, така и економски. Од неа се одвојуваат старо-новите држави Србија, Бугарија и Грција, а под притисок на големите сили империјата го либерализира својот уставен поредок. Во сите сегменти на животот настануваат видни квалитативни промени. Овој период е познат како Преродба. Меѓу другото, христијанското население добива дозвола да гради училишта со настава на мајчин јазик, како и да ги обновува старите и да гради нови сакрални објекти.

Повеќе...

Збирка на графички листови

Графиката е ликовна дисциплина чија техника се заснова врз принципот на умножување на цртеж издлабен во дрво или метал. Нејзините предвесници ги наоѓаме во археолошките наоди, кои зборуваат дека уште многу одамна човекот во влажна глина втиснувал разни орнаменти и знаци. Пример за тоа се цилиндричните печати во Месопотамија, а во доцната Антика и рана Византија калапите за ковање на монети и оловни печати. 

Повеќе...