Одделение за историја

Одделението за историја е формирано во 1948 година, како засебно одделение со постојана изложба со тема од НОВ. Со формирањето на Народниот музеј во Прилеп, 1955 година, кој во 1981 година прераснува во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј, Одделението за историја влегува во неговите рамки.

Повеќе...

Прилеп во средниот век

ПРИЛАПОН, МАРКОВ ГРАД, ПЕРЛИПЕ, ПРИЛЕП, ГРАД ХЕРОЈ И ГРАД РИЗНИЦА НА ИСТОРИСКИ НАСТАНИ, ЛИЧНОСТИ И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

02-51

Некогаш стратегиски и економски моќниот средновековен град Прилапон, како што го споменува византискиот император Василиј II, а подоцна со право нарекуван и Марков град, денес егзистира како периферија на новиот Прилеп. Но, упатениот посетител го препознава како извонредно складиште на паметници и старини - непишана страна на бурното минато. Вековите минувале, народите се сменувале, а на тоа мало пространство оставале свидетелства за својот живот, својата култура и уметност.

Повеќе...

Прилеп за време на Отоманската Империја, Преродбенскиот и Илинденскиот период

Турското присуство во Македонија, а со тоа и во Прилеп, во траење нешто повеќе од пет векови, оставило траги кои што и денес сведочат за тој период. Има малку познати податоци за Прилеп од XV-XVI век. За првите години од турската власт дознаваме од некои документи од Цариградскиот архив. Од турските пописни дефтери може да се согледа големината и структурата на тогашниот Прилеп. Така, според податоците од “Тапу тахрир дефтер” бр. 4 од 1467/68 година кога е извршен попис на домаќинствата во прилепската нахија, градот броел 438 домаќинства и бил поделен на 22 маала. Во градот живееле 2 075 христијани и 105 муслимани. Од профаната муслиманска архитектура од ова време сочуван е ѕидот на Куршумли Ан од XV век, срушен во 1955 година, а се наоѓа во центарот на градот.

Повеќе...

Прилеп за време на Балканските Војни, Првата Светска војна и периодот меѓу двете Светски војни

Во текот на Балканските војни (1912-13 година) во прилепскиот регион се водат жестоки борби. По поразот на Турците и нивното протерување од Македонија, Прилеп се нашол во составот на кралството Србија.

Повеќе...

Прилеп за време на НОВ

Прилеп под фашистичка окупација потпаднал во април 1941 година. На 8 април таа година во градот влегле претходниците на германската фашистичка војска, а на 26 април влегла бугарска војска. Уште од првите денови на окупацијата се појавил општонароден отпор организиран од Комунистичката партија, која го подготвила и Првиот партизански одред. Како разултат на тоа, со првиот истрел на 11 октомври 1941 година при нападот на Участокот отпочнало востанието на македонскиот народ за ослободување од фашистичкиот окупатор.

Повеќе...

Прилеп по НОВ

По завршувањето на Народноослободителната и антифашистичка војна, Прилеп во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија доживува силен економски и културен подем. Градот од помала и неразвиена градска населба прерасна во индустриски центар, што доведува до негов напредок во сите сфери. Особено значаен е како центар на тутунската индустрија, односно Институтот за тутун основан во 1924 година многу допринесува во развојот на тутунопроизводството во поширокиот регион.

 

 

 

 

Парк на револуцијата

Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941 до 1945 година, во 1961 година градот Прилеп го подига монументалниот споменик “Могилата на непобедените” во рамките на овој Парк. Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална површина е поплочен со бели мермерни плочи. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се издигаат осум мермерни урни кои го симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување во поголеми воени формации. Автор на проектот е белградскиот архитект Богдан Богдановиќ. Паркот на револуцијата за споменик на култура е прогласен во 1989 година.

Повеќе...