Одделение за археологија

Одделението за археологија постои од формирањето на Народниот музеј - Прилеп во 1955 година, кој во 1981 година прераснува во НУ Завод за заштита на спомениците на култура, природните реткости и Музеј. Одделението во 1960 година е поделено на четири реферати: Реферат за Праисторија, Реферат за Антика, Реферат за Нумизматика и Реферат за Среден век.

Повеќе...

Реферат за праисторија

02-3mk_tОд самото формирање на Народниот музеј во Прилеп 1955 година започнуваат проучувањата на праисториските епохи во прилепскиот регион. До денес сеуште не се откриени наоѓалишта од старото камено време- палеолитот. Номадскиот начин на живеење е една од главните причини поради која што тешко можат да се лоцираат траги од оваа најстара етапа на човековиот развој.

Повеќе...

Реферат за антика

02-15mk_tЗаради својата недоволна екипираност, НУ Завод и Музеј - Прилеп во почетните години од своето постоење како Народен музеј вршел само мали, заштитни археолошки истражувања, како што се оние на доцноантичката некропола Бостаниште кај село Алинци, хеленистичко-римската некропола Гумење кај манастирот Трескавец, доцноантичките некрополи Ташачица и Бакалица кај Варош, комплексот Маркови Кули и други.

Повеќе...

Реферат за среден век

02-32mk_tПочнувајќи од 1958 година па до денес, Народниот музеј Прилеп, а од 1981 година НУ Завод и Музеј - Прилеп има вршено истражувања на повеќе археолошки локалитети од средновековниот период и тоа: локалитетот Маркови Кули во Варош, локалитетот Градиште кај село Дебреште, локалитетот Илино кај село Лениште, локалитетот Задна река- Грмајте кај село Витолиште, локалитетот Трпчева Црква кај село Дуње, локалитетот Страгата кај село Крушевица, локалитетот Врбјанска Чука кај село Славеј, како и просторот околу црквите “Св.Никола” во село Манастир и “Св. Ѓорѓија “ во село Пресил.

Повеќе...

Реферат за нумизматика

Рефератот за нумизматика во рамките на Одделението за археологија ги прибира, обработува и чува монетите откриени при археолошките истражувања и рекогносцирања, како и откупените монети од доносителите од теренот. При откупот на монетите посебно внимание се посветува на тоа да се забележат основните податоци за местото каде се тие пронајдени, како и околностите под кои тие се откриени, со што би се добиле повеќе вредни податоци за движењето на монетите во односното време.

Повеќе...